Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Фото: Скриншот/Јутјуб

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„Christmas as Usual“ – филм на Нетфликс

Кога Теа го носи Јашан дома за да ја прослават нивната свршувачка, неговите индиски корени и норвешките традиции на нејзиното семејство се „судираат“ и создаваат хаотичен Божиќ.

Жанр: комедија / „IMDB“ оценка: 5.4 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 30%

„The Crown“ – серија на Нетфликс

По ненадејната смрт на кралот, навидум тивкиот живот на Елизабета ќе добие нов тек додека таа го наследува тронот на британската монархија.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 8.6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 81%

„Gingerbread Miracle“ – филм на Ејџ-би-о

Маја и Алекс работат заедно за време на Божиќ за да ја продадат мексиканската пекарница на неговиот вујко, позната по божиќните колачиња.

Жанр: романса / „IMDB“ оценка: 6.6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: /

„2 Dope Queens“ – серија на Ејџ-би-о

Хит-комедијата со Џесика Вилијамс и Фиби Робинсон пристигнува на Ејџ-би-о како серија од четири едночасовни специјални епизоди. Придружете им се на двете кралици во приказните за сексот, романсата, фризурите, животот во Њујорк и друго.

Жанр: комедија / „IMDB“ оценка: 6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 94%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот