Топлотен бран во Валенсија, Шпанија/Фото: EPA-EFE/ANA ESCOBAR

Шпанските острови рушат туристички рекорди и ве оставаат без здив

Во вториот квартал, Европската Унија регистрираше 245,9 милиони ноќевања во краткорочно изнајмени сместувања, резервирани преку онлајн платформи како што се „AirBnB“, „Booking“ и „Expedia“, објави Евростат.
Овој резултат претставува раст од 17,8 проценти во споредба со истиот период од претходната година, како и скок од дури 36,8 проценти во споредба со вториот квартал од 2023 година. Заводот за статистика на ЕУ истакнува дека првиот квартал покажал и дека 2025 година ќе биде исклучително ветувачка година за туризмот.

Во април е постигнат раст од 34,3 проценти во споредба со истиот месец во 2024 година, што во голема мера се припишува на велигденските празници. По ова следеше поумерен раст од 5,3 проценти во мај. Во јуни е забележано зголемување од 18,1 процент во споредба со 2024 година.

Најпопуларните региони за краткорочно изнајмено сместување резервирано преку онлајн платформи во првиот квартал беа Канарски Острови (Шпанија) со 8,8 милиони ноќевања, Рона-Алпи (Франција) со 8,1 милиони ноќевања и Андалузија (Шпанија) со 7,7 милиони ноќевања.

Меѓу 20-те најпопуларни региони во истиот квартал, по пет се наоѓаа во Шпанија и Франција, три во Италија, по два во Австрија и Португалија и по еден во Унгарија, Полска и Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот