Шпанскиот Сенат на 17 март ќе го ратификува Протоколот за НАТО

Влада на РСМ НАТО и македонија
Влада на РСМ / Фото: МИА

Сенатот на Шпанија на 17 март ќе одржи пленарна седница на која ќе го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави вечерва на фејсбук министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– И покрај кризата околу корона вирусот и суспендирањето на сите други активности, Сенатот на Шпанија пред малку одлучи на 17 март да одржи пленарна седница со единствена точка на дневен ред: Ратификација на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО! ¡Muchas gracias España!, пишува Димитров.

Протоколот, на 27 февруари доби зелено светло од Долниот дом на шпанскиот Парламент.

Шпанија е последната земја од членките на НАТО, која сè уште не го ратификувала Протоколот. Процесот таму се одолжи поради изборите и формирањето на Владата. Протоколот кај нас, пак, беше ратификуван со одложено дејство, заради распуштањето на Собранието и предвремените парламентарни избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот