Шокантно: 9-годишно дете од Бугарија добило мозочен удар по престој на плажа

Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Деветгодишно момче од Каварна доживеало мозочен удар. По консултација во Итната помош на Медицинскиот центар Добрич, тој е пренесен во болница во Варна, каде што е примен со дијагноза исхемичен мозочен удар, пренесува веб-страницата „Про њуз Добрич“.

Роднините рекоа дека во текот на денот детето било на плажа со неговата тетка. Му се слоши, имаше треска, повраќа. Кога стигнал дома, колабирал – не можел да зборува, ниту да се движи. Неговите две тетки се медицински професионалци – лекарка и медицинска сестра. Кога виделе дека има пена на устата, сфатиле што се случува.

Од Каварна детето било пренесено на итната медицинска помош во Добрич, каде му била констатирана состојбата.

„Имаше клинички знаци на мозочен удар. Иако скенирањето се врати чисто, сите други знаци беа за мозочен удар. Затоа, решивме и го испративме во болница во Варна, каде што имаат многу добра опрема и има можност детето да добие најдобра можна помош. Проценивме дека вака ќе има поголеми шанси“, вели д-р Јаница Радева, од одделението за педијатрија.

Во болницата во Варна му бил дијагностициран исхемичен мозочен удар. „Допрва ќе се разјаснува што ја предизвикало оваа состојба“, додаде д-р Радева.

Според блиските, пред една недела било направено скенирање, бидејќи момчето се пожалило на главоболки кои му траеле една година. Пронајдени се симптоми на синузитис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот