ФОТО | Шок во Мадрид: На менито на самитот на НАТО понудена руска салата која експресно се распродаде

НАТО самит Орбан Фото EPA-EFE/MATEUSZ MAREK POLAND OUT

Додека го чекаа доаѓањето на американскиот претседател Џо Бајден и другите светски лидери на самитот на НАТО во Мадрид во вторникот, меѓународните претставници и новинарите беа збунети кога видоа дека на менито во еден од рестораните се нуди руска салата, пренесува Ројтерс.

нато самит мадрид групна слободен печат
„Фамилијарна“ фотографија на НАТО самитот во Мадрид / 2022 / EPA-EFE/JuanJo Martin

Салатата од грашок, компири, моркови и мајонез често е незаменлива на менито на шпанските ресторани, но пред самитот на кој се очекува Русија да биде означена како безбедносна закана во новиот стратешки концепт на Алијансата, поради нејзината инвазија на Украина, руската салата беше вистински шок за сите присутни.

„Руска салата на самитот на НАТО? Изненадувачки избор на јадења“, изјавија присутните новинари за шпанскиот медиум Ла Секта ( La Secta).

На крајот, сепак, се чинеше дека тоа не беше толку голем проблем, бидејќи храната се распродаде за неколку часа.

Сепак, дипломатските размислувања беа повеќе насочени кон менито што им беше сервирано на министрите за одбрана и за надворешни работи кои беа во посета на банкетот одржан во барокната палата Санта Круз во центарот на Мадрид во вторникот вечерта.

Било послужено јадење во кои биле додадени „кнедли од домати“ и таквото јадење било наречено „украинска салата“, што е доказ дека конфликтот меѓу западот и истокот се води и во јадењата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот