Шојгу: Ќе ги зголемиме нападите врз складиштата за западно оружје во Украина

Рускиот министер за одбрана во вторникот рече дека Москва ќе ги засили нападите врз украинските логистички центри и складиштата за западно оружје во Украина.

– Соодветно на заканите од САД и нивните сојузници, ќе продолжиме да го подобруваме составот и структурата на вооружените сили и да го зголемуваме производството на најпопуларното оружје и воена опрема, рече Сергеј Шојгу.

Изјавата на Шојгу дојде неколку дена по одобрувањето од Претставничкиот дом на САД на пакетот помош од 61 милијарда долари за Киев, што го стави чекор поблиску до добивање на „инфузија“ на нова огнена моќ.

Во вторникот, Британија вети и 620 милиони долари нови воени резерви за Украина, вклучувајќи 400 возила, 60 чамци и 4 милиони парчиња муниција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот