Шкотска оваа недела ќе поднесе барање за втор референдум за независност?

Фото: EPA-EFE/Andrew Cowan

Никола Старџен ќе поднесе „демократско барање” за втор референдум за независност на Шкотска во оваа недела, јави „Скај њуз”.

Лидерката на шкотската Национална партија (СНП), Никола Старџен, рече дека ќе објави „демократско барање” за пренесување на власта од британскиот во шкотскиот парламент, за да се овозможи втор референдум за независност на Шкотска, подоцна оваа недела.

Во изјавата, првата министерка на Шкотска рече: „Овие избори демонстрираа голем момент – Она што го сакаат повеќето луѓе во Шкотска е многу поразлично од она што го претпочитаат во остатокот од Велика Британија.”

Таа додаде дека „треба да имаме право да разгледаме алтернатива на независноста”.

– Затоа оваа недела, во согласност со категоричниот изборен мандат – засилен уште еднаш в четврток – ќе објавам детално демократско барање за трансфер на власта од Вестминстер во овој парламент (Шкотска) за да се овозможи референдум за независност што е повеќе од оправдано – рече Старџен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот