Шилегов: „Душегрижници“, без гајле, добар сум

Со статус на социјалната мрежа Фејсбук денеска се огласи градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Тој им порача на како што рече „душегрижниците“ да не се грижат за него, добар бил.

„За наводните “душегрижници” со политикантски прашања (на туѓи, не мои прес конференции), дури и во вакви кризни ситуации и состојби:

Почитувани граѓани, Вашиот градоначалник е жив, ЗДРАВ, на своето работно место.

Се трудиме, заедно со моите луѓе овде во Градот (поздрав и почит за сите нив), да помогнеме, колку што можеме, во вонредната состојба во која се наоѓа нашата држава.

Ве молам, почитувајте ги препораките од надлежните институции. Најмногу можете да си помогнете ако се придржувате кон тие препораки“, стои во статусот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот