Шестмина мртви, десетици заробени откако рудник се урнал во Зимбабве

Рудник / Фото EPA-EFE/Brais Lorenzo

Шест лица загинале, а 15 се затрупани при уривање на окното на рудник во Зимбабве.

Како што јавија државните медиуми, во уривањето на окното во рудникот за злато Беј Хорс во Чегут, 100 километри западно од главниот град Хараре, повеќе од 30 луѓе останале заробени, но неколку од нив биле спасени или успеале да побегнат.

Акцијата за спасување на оние кои останале под земја е во тек, а не е познато што го предизвикало колапсот, јавува Би-Би-Си.

Федерацијата на рудари на Зимбабве соопшти дека нејзиниот генерален секретар и претседател на Здружението на рудари, Чегуту, ќе оди на местото на настанот за да се обиде да утврди што се случило.

Рударските инциденти во Зимбабве, кој има огромни резерви на злато, платина и дијаманти, не се невообичаени.

Методите на рударство се често рудиментирани и безбедносните стандарди во голема мера се игнорираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот