Шест од десет Грци негативно ја оценуваат Владата, велат новите анкети

Фото: Unsplash

Шест од десет анкетирани негативно или веројатно негативно ги оценуваат првите осум месеци од вториот мандат на грчката Влада, додека пак поскапувањето на цените останува главен проблем за Грците, согласно резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Marc“ за весникот „Прото тема“.

Во однос на тоа во кој сектор Владата треба да посвети поголемо внимание, 75 отсто од испитаниците рекле дека тоа се високите цени, 67,1 процент го одбрале здравството, речиси половина од анкетираните го одбрале образованието, а потоа следат криминалот и појавите на насилство, економијата и инвестициите, судството итн.

Седум од десет анкетирани рекле дека владините мерки за справување со инфлацијата и поскапувањата не носат некаков ефект.

За европските избори што ќе се одржат на 9 јуни, 63,4 отсто сметаат дека се „доста“ или „многу“ важни, 62,9 проценти ќе гласаат врз основа на внатрешно политичките теми и текот на земјата, а во однос на тоа која партија може да ги зајакне интересите на Грција во Европа, прва е владејачката Нова демократија.

На прашањето доколку евроизборите се следната недела, за која партија би гласале анкетираните, 29,6 процени одговориле Нова демократија, 11 отсто СИРИЗА, а 10,3 проценти ПАСОК.

Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Marc“ за весникот „Прото тема“ било спроведено во периодот од 11 до 14 март 2024 година со анкетирани 1.086 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот