Шеиците до Мбапе: Еве ти 74 милиони евра, а после си слободен играч!

twitter.com/sandraparragame

Интересни вести доаѓаат од Франција, Килијан Мбапе останува во ПСЖ и уште малку ќе остане верен на париските „светци“

Еден од најдобрите светски фудбалери би требало да остане дел од „старо-новиот“ шампион на Франција, но под малку необични услови.

Веќе долг период Реал Мадрид го посакува неговиот потпис, но ПСЖ е подготвен за двојно зголемување на платата на својот фудбалер, но не и да му го продолжи договорот!

Неговиот важечки договор трае до јуни 2022 година и доколку потпише нов, тој ќе има ист „рок на траење“.

Платата ќе биде двојно зголемена и би изнесувала околу 37 милиони евра по сезона. Тоа што шеиците нудат до францускиот репрезентативец е идентична плата со онаа која ја има и Нејмар, но воедно да остане до крајот на договорот и лето 2022 година и после тоа ќе може да го напушти клубот како слободен играч.

Тоа значи дека ПСЖ е подготвен уште сега да му плати 74 милиони евра, така шампионите нема размислуваат многу околу него до крајот на сезоната 2021/22, но исто така би се откажале и од големо обесштетување кое сигурно би можеле да го добијат кога по нормален пат би го продале Французинот.

„Л`Екип“ пренесува дека двете страни постигнаа таков договор, што би значело дека „кралевите“ од „Бернабеу“ ќе мора да почека уште неколку години.

Медиумите во Франција информираат дека играчот и натаму ужива во својата држава и дека моментно нема преголема желба да го напушти парискиот клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот