Шефот за индонезиското антикорупциско тело осомничен за изнуда

Џакарта, Индонезија/ Фото EPA-EFE/ADI WEDA

Шефот на индонезиската антикорупциска агенција е осомничен во случај со изнуда. Полицијата соопшти дека има доволно докази за поврзување на Фирли Бахури, претседател на Комисијата за искоренување на корупцијата (КПК) со корупција во Министерството за земјоделство во земјата, пренесува Би-Би-Си.

Поранешниот министер за земјоделство Сјахрул Јасин Лимпо и самиот беше приведен во случај за корупција минатиот месец. Бахури, поранешен началник на полицијата, не е приведен и негира дека е корумпиран.

Службениците рекоа дека откриле документи за девизна трансакција и американски долари во вредност од 7,4 милијарди индонезиски рупии во врска со истрагата.

Претставник на полицијата во Џакарта, Аде Сафри Симанџунтак, во средата им изјави на новинарите дека се пронајдени „доволно докази“ за вмешаност на Бахури во случај на наводна корупција. Тој додаде дека државен функционер изнудувал пари во Министерството за земјоделство од 2020 до 2023 година, објави Ројтерс. Од отворањето на случајот во октомври, сослушани се вкупно 90 сведоци.

Пред да биде именуван како осомничен, Бахури рече дека „никогаш не изнудувал никого, и никогаш не сум бил вмешан во поткуп со никого“, за време на прес-конференцијата во понеделникот.

Претседателот Јоко Видодо во четвртокот рече дека „ќе го почитува процесот на законот“ кога ќе биде испрашуван за Бахури. Претседателот мора привремено да го суспендира секој шеф на КПК, именуван како осомничен за криминал, според индонезискиот закон. Осудата за корупција за државни функционери предвидува максимална казна доживотен затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот