Шефот на Пентагон „немал лоша намера“ криејќи ја својата здравствена состојба

Лојд Остин / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Пентагон ги објави резултатите од 30-дневната истрага која ефикасно го ослободува американскиот секретар за одбрана Лојд Остин од одговорноста во врска со тајните хоспитализации во декември и јануари, јавуваат британските медиуми.

Извештајот веројатно нема да го смири политичкиот бес или да ги задуши очекуваните сослушувања на Остин од американските конгресмени, подоцна неделава. Шефот на Пентагон ќе мора да се појави пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом на сослушување за ова прашање.

Британските медиуми потсетуваат дека Остин не му кажал на претседателот Џо Бајден за неговата операција на рак на простата во декември и хоспитализацијата во јануари.

Во извештајот, изготвен од претставници на Пентагон, се наведува дека „ништо од истраженото за време на проверката не покажало знаци на лоша намера или обид за прикривање на ситуацијата“.

Секретарот Остин, исто така, го разгледал извештајот.

На почетокот на овој месец, Остин се извини што не им кажал на претседателот и на високите воени функционери за неговата неодамнешна дијагноза за рак на простата, додавајќи дека стравот за здравјето, што го доживеал, бил вистински удар за него.

Законодавците од двете партии го критикуваа Остин дека не ја пријави неговата дијагноза и хоспитализација што следела. Некои истакнати републиканци, вклучително и поранешниот претседател Доналд Трамп, побараа Остин да биде отстранет од функцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот