Шефот на „Форд“ смета дека САД не се подготвени да се натпреваруваат со Кина во производството на електрични возила

Форд/ Фото: A3537 Marijan Murat / DPA / Profimedia

САД сѐ уште не се подготвени да се натпреваруваат со Кина во производството на електрични возила, предупреди извршниот претседател на „Форд“, Бил Форд, нагласувајќи дека мора да бидат подготвени и за битката за домашниот пазар.

„Тие развија електрични автомобили многу брзо и во голем обем. И сега ги извезуваат. Во САД ги нема, но според нас ќе дојдат во одреден момент. Мораме да бидеме подготвени“, изјави шефот на американскиот автомобилски гигант.

Во февруари, „Форд“ објави дека ќе инвестира 3,5 милијарди долари за изградба на фабрика за батерии за електрични возила во Мичиген, како дел од договорот кој вклучува употреба на технологија од кинеската компанија за батерии CATL.

Бил Форд, правнук на основачот на компанијата Хенри Форд, рече дека фабриката за батерии во Мичиген ќе им даде можност на инженерите на „Форд“ да научат за технологијата и потоа самите да ја користат.

„Тој објект е во целосна сопственост на Форд. Тие ќе бидат наши вработени, а ние ќе имаме само лиценца за технологијата, тоа е се“, рече тој.

Во мај, извршниот директор на „Форд“, Џим Фарли, рече дека кинеските производители на електрични возила се нивните главни конкуренти, додавајќи дека на Форд му треба препознатливо брендирање или помали трошоци за да ја победи кинеската конкуренција.

„Мислам дека нашите главни конкуренти се Кинезите, а не Џенерал Моторс или Тојота. Кинезите ќе бидат сила“, рече Фарли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот