„Шарла рекордс“ објави музичко издание со жанровска и стилска шареноликост

Независниот музички издавач „Шарла рекордс“ неодамна го издаде своето 73-то издание со наслов „Циркусот никогаш не запира“ (Circus Never Ends – Sharla Records Label Sampler 21/22).

Станува збор за веќе традиционална, годишна компилација составена од музика на бендови и артисти што издаваат за „Шарла рекордс“. Осум од нив влегоа во овогодишниот избор, меѓу кои има и четири нови и досега необјавени нумери што треба да се најдат на следни изданија.

Жанровската и стилска шареноликост, која е карактеристична за овој издавач, е пресликана и во новото издание, особено наменето за слушатели со широк музички интерес и потреби.

Компилацијата ја состави Давид Ангелевски, кој го потпиша и омотот, направен врз фотографии на Ивица Јанкуловски. Компилацијата може да се преслуша и преземе од бендкемп-профилот на „Шарла рекордс“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 121, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 19-20 март 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот