Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ ја прозва Зајкова: Да каже дали се согласува со срамната парола зад неа

Фото: Сител/принтскрин

Поранешниот пратеник и амбасадор, Оливер Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ, преку Фејсбук ја прозва пратеничката и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова, поради тоа што на вечерашниот марш за родова еднаквост во Скопје, даваше изјава додека во позадина стоеше учесничка на протестот со навредлива порака за Црквата и верниците („Црквата да одј*бе!!!“).

Шамбевски вели дека Зајкова мора да каже „дали се согласува со срамната парола зад неа“.

„Моника Зајкова, пратеничката и претседателката да каже со она зад неа, дали се согласува? А да, само смешни и патетични сте со таквите пароли… и не, секако не ѝ помагате на каузата ваша со такви пароли… ако воопшто ја имате… вие си знаете… инаку… црквата го преживеала Диоклецијан и Сталин… ќе се снајде некако и со ваквите како вас де. Зајкова?“, напиша на Фејсбук Шамбевски.

ВИДЕО | „Не сакаме тава, сакаме права“: Женски марш за 8 Март во Скопје

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот