ВИДЕО | „Не сакаме тава, сакаме права“: Женски марш за 8 Март во Скопје

Фото: МИА

„Не сакаме тава, сакаме права“, „Денеска марш, утре штрајк“, „Држава што не постапува е држава што убива“ – ова се дел од пораките кои беа испратени на денешниот марш за женските права во центарот на Скопје, кој се одржа на Меѓнародниот ден на жената – 8 Март.

На маршот, кој започна од плоштадот „Филип Втори“ во Скопје, беа побарани заштита, сигурност, социјална и здравствена правда, како и економска сигурност за жените.

Фото: МИА

– Во 2023 година, жените и девојките сѐ уште се дискриминирани во секој поглед и не остваруваат ниту еднакви права, ниту еднакви можности, ниту дома, ниту на работа, ниту во политиката, ниту во социјалниот живот. Во 2023 година жените се соочени со политики кои не ги препознаваат нивните потреби, со институции кои не ги заштитуваат, механизми кои се слепи кон потребите за унапредување на родовата еднаквост и култура на насилство и мизогинија која постојано се шири, истакнаа од Платформата за родова еднаквост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by СП. (@slobodenpecat)

Оттаму потенцираа дека жените и девојките во земјава се соочуваат со колективна негрижа.

– Да се биде жена значи да прифаќаш краткотрајна работа, работа на црно и под маса, без ресурси за стабилна кариера, без социјална заштита и регулација. Да се биде девојка во Македонија значи да се прашуваш дали ќе го преживееш ова возење со такси без таксистот да те вознемирува, дали ќе добиеш секакви коментари, закани на социјалните мрежи дали твои фотографии ќе бидат користени како порнографија, дали ќе имаш пристап до гинеколог и беспалатно пап тестирање, дали ќе ја преживееше следната лекарска рутинска интервенција дали ќе го преживееш пораѓањето. Да се биде жена во Македонија значи да се прашуваш дали ќе го преживееш секојдневното насилство од партнерот кое веќе си го пријавил, но институциите кои требало да те заштитат само направиле записник и не потапиле, не те запштитиле, истакна Надица Банишка, една од учесниците на маршот.

Маршот заврши во Паркот „Жена Борец“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот