
Шаини: Мојата сопруга не е вмешана во нападот
Докторот на скопската Клиника за пулмологија и носител на советничката листа на ДУИ во Општина Липково, Зекирија Шаини во кој беше пукано сред бел ден во Куманово, одржа прес-конференција на местото каде што беше застрелан со неколку куршуми додека поминуваше со својот автомобил.
Препорачано
Тој рече дека неговата сопруга не е вмешана во нападот. Нагласи дека не ги знае мотивите за нападот, бидејќи, како што рече претходно немал несогласувања со никого и дека не му наштетил на ничии животи.
„Изјавувам пред јавноста дека немам никакво сознание за мотивите на овој атентат, немам нерасчистени сметки со никого, не сум нарушил ничиј живот, приватност или нешто друго. Целосно ги отфрлам како неосновани и невистинити тврдењата дека зад ова дело стои мојата сопруга Арјета Адили. Затоа итно барам од истражните органи да ја разјаснат ситуацијата со мојата сопруга која е вмешана во овој случај од нивна страна, почитувајќи ја нашата семејна приватност, а особено имиџот на госпоѓата Аријета Адили. Овој случај за жал се преставува со јасна намера за моја дискредитација и на моете семејство како и создавање збунетност и заблуда во јавноста“ рече Шаини.
Сопругата на ранетиот лекар Шахини е уапсена, според полицијата таа имала врска со пукањето
Тој додаде дека информациите кои биле пласирани во јавноста се чиста клевета и имаат за цел да му наштетат на неговиот личен, семеен и професионален углед. Ги повика истражните органи да го откријат вистинскиот осмоничен за инцидентот, а случајот да не го преставуват како сеемен спор, бидејќи ако би било така како што беше претставен, Шаини вели дека никогаш не би живеел со својата сопруга со која има две деца.
„Овој случај, за жал, беше претставен со јасни намери да ме дискредитира мене и моето семејство, како и да создаде конфузија на теренот“ рече Шаини.
ВИДЕО: Снимки од местото во Куманово каде беше ранет лекарот и кандидат за советник Шахини