Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна, се намалува бројот на оние кои одат во изолација

Состојбата во градинките е стабилна, а во последната недела се забележува помал број на оние што одат во изолација и зголемување на бројот на деца што се вратиле во градинките, рече  министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, при денешното пуштање во употреба на нова градинка во населеното место Миладиновци.

– Состојбата во градинките е стабилна. На дневно ниво ги следиме податоците што доаѓаат кај нас во Министерството. Се потврдува трендот што го најавив минатите прес-конференции. Кај бројот на новозаразени како на вработени, така и на деца има тренд на намалување. Трета седмица имаме намалување на бројот на оние што одат во изолација – изјави Шахпаска.

Таа, додаде, дека бројот на оние кои одат во изолација е помал од оние што се враќаат и дека се  зголемил бројот на децата што се вратиле во градинките за околу 500.

– Тоа покажува дека во градинките доследно се почитуваат протоколите од вработените, дека нема ширење на пандемијата внатре меѓу вработени и децата и  вирусот доаѓа однадвор – рече Шахпаска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот