Сезонските работници во Гази Баба ќе добијат повисока плата за 2000 денари

Фото: Општина Гази Баба

За 2000 денари повисока плата ќе примаат сезонските работници кои се грижат за хигиената во општина Гази Баба. Ова го соопшти градоначалникот Бобан Стефковски, кој утрово имал средба со работниците.

Ова е трето покачување на платите на сезонските работници кои се грижат за комуналната хигиена во општина Гази Баба од моето доаѓање за градоначалник. Во 2021 година, работниците примаа плата во висина од 14.500 денари, а со ова покачување платата ќе изнесува 19.000 денари. Со задоволство можам да кажам дека платите во изминатите две години се зголемени за 31 отсто – – информира Стефковски.

Тој посочи дека поради секојдневниот раст на инфлацијата негова лична заложба ќе биде зголемувањето на платите да продолжи и во следниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот