Сезона на сочни и вкусни смокви: Овошје за 100 болести

Фото: Unsplash

Навистина се ретки оние кои не се воодушевени од вкусот на омиленото овошје од медитеранското поднебје, смоквите, а најчесто ги консумираме свежи, во форма на вкусни џемови или сушени.

Иако се многу слатки и полни со природни шеќери, 100 грама смокви имаат околу 60 калории, а покрај тоа се полни со железо, фосфор, калиум, калциум, магнезиум, витамини Б6, Е, Ц и витамин А, но и со бета-каротен, можат да ги консумираат и оние кои се грижат за килограмите.

Сепак, внимавајте: луѓето кои страдаат од дијабетес или сакаат да ослабат, не би требало да консумираат смокви во големи количини.

Придобивки од смоквите

Освен тоа, ова овошје е полно со калциум дури повеќе и од млекото, а магнезиумот што го содржат смоквите е ефикасен и против зголемениот крвен притисок, предменструалниот синдром (ПМС) и несоницата.

Затоа, ова овошје не го нарекуваат без причина вистинска ризница на здравјето, особено затоа што содржат големи количини растворливи и нерастворливи влакна. Токму нерастворливите влакна играат важна улога во редовното празнење на цревата, бидејќи ја врзуваат водата, што на крајот е форма на превенција од рак на дебелото црево. Исто така, студиите покажале дека растворливите влакна влијаат на намалувањето на холестеролот во крвта и на превенцијата од рак на белите дробови. Само пет смокви дневно обезбедуваат повеќе од 20 отсто од препорачаната дневна количина на влакна.

Богатиот хемиски состав условува висока хранлива вредност на ова овошје. Плодовите од неа се употребуваат во свежа и преработена состојба. Погодни се и за сушење. Тие се ценат како хранливо и диетално средство за регулирање на активностите на дигестивниот систем и при кардиоваскуларни заболувања.

Листовите од смоквата се препорачуваат при дијарејата, дизинтерија, кашлица, болки во стомакот и цревата. Надворешно се користи за нанесување на рани и чирови на кожата, против првут и исто така го чисти и заздравува епидермисот, потоа служи за гаргара, при забоболка и болно грло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот