
Северна Македонија и САД потпишаа десетгодишен план за развој на одбранбената соработка
Министерката за одбрана Славјанка Петровска и секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин потпишаа план за соработка во одбраната за следните десет години.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што соопштија од Министерството за одбрана, новиот патоказ што беше потпишан ги дефинира областите во македонско-американската одбранбена соработка кои ќе бидат приоритетни во следната декада и преку кои ќе се развива одбраната и Армијата.

Северна Македонија, денеска е земја-членка на НАТО и ние заедно со Соединетите Американски Држави стоиме рамо-до-рамо во справувањето со заедничките безбедносни предизвици. Минатата година САД ни дадоа огромна поддршка која не беше само финансиска. Разменувавме знаење и искуство, вежбавме и се обучувавме заедно и ние сме горди што заедно придонесуваме кон безбедноста на НАТО и на регионот – рече министерката Петровска на состанокот.
Американскиот секретар за одбрана истакна дека државата е долгогодишен и одличен пријател на САД со кого споделуваме исти интереси и вредности.
Горд сум што имаме долгорочно и силно билатерално партнерство” – рече Остин и додаде дека патоказот за соработката во следните десет години покажува дека можеме да работиме заедно на модернизацијата и заедно да се носиме со глобалните предизвици.

Петровска и Остин ја осудија руската агресија врз Украина, а Остин се заблагодари за заложбите на Северна Макеоднија за украинскиот народ, за зацврстувањето на источното крило на Алијансата преку учеството во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Бугарија и Романија, како и за безбедноста на регионот преку учеството во НАТО мисијата на Косово, КФОР.
Од Министерството додаваат дека Петровска и Остин говореле и за евроинтеграциите и заклучиле дека се потребни брзи чекори и јасен сигнал дека процесот се движи кон главната цел – членство во Унијата.