Северина прозборе за експлицитната снимка: Знам кој ја објавил, дознав лани

Instagram

„Животот генерално нè казнува сите. Некои праведно, некои не. Но од временска дистанца успеав да се издигнам над сè што ми се случи тогаш. Тоа беше многу грда работа која поради глупост и злоба ја направи една личност. Знам кој е, дознав минатата година“, рекла Северина алудирајќи на експлицитната снимка од неа и бизнисменот Милан Лучиќ.

„Кога ќе поминете низ јавно осрамотување, сакале или не, мора да научите да се изборите со тоа. Во еден момент ми се јави Арсен Дедиќ, бидејќи бевме блиски пријатели и ми рече: Колешке, слушам дека излегол некој филм, ама дека нема музика, па се препорачувам, бидејќи сум филмски композитор“. Тоа беше прекрасно“, рекла пејачката во интервјуто за Новости.рс.

Целата афера околу експлицитните снимки од бродот излезе во 2004 година. Уредникот на порталот Индекс.хр, објави жешки кадри со наслов „Луѓе, имаме порно со Северина“.

„Тоа е моја приватна снимка, не би можела да зборувам за тоа како е украдена, со тоа само на полицијата би ѝ ја отежнала работата“, рекла Северина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот