Принц Хари и Меган Маркл / Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Сестрата на Меган Маркл тврди дека Хари не е среќен со сопругата: Жали за бракот, сака да се врати кај семејството

Меган Маркл и нејзината полусестра Саманта не се во контакт со години, а зад нив стои бурна семејна врска. Како што еднаш призна војвотката од Сасекс, таа не ја познава својата постара сестра и не ја видела 20 години, што Саманта потоа го демантираше со фотографии.

Меган беше разбеснета кога Саманта си го вратила презимето Маркл, откако војвотката започна врска со принцот Хари, а напиша и мемоари наречени „Дневник на сестрата на една лута принцеза“, во кои неколкупати се повикува на нејзината помлада сестра.

Сега таа повторно одлучи јавно да проговори за врската на Меган и Хари и откри дека мисли дека Хари жали што се оженил со нејзината полусестра и дека тој потенцијално сака да се врати кај своето семејство во Лондон и да ги обнови односите со нив.

– Некако мислам дека ова беше осудено од почеток. Наводно принцот Вилијам му рекол на Хари: „Брзањето може да е погрешно. Запознај ја подобро, немојте да скокате во ова“. Мислам дека Хари веројатно сака да му каже на својот брат: „О, Боже, ти беше во право, не можам да верувам, испадна онака како што предвидуваа луѓето и тоа е тажно – рече Саманта во разговор со поранешниот водител на „Џеј-би-њуз“, Ден Вутон.

Покрај тоа, таа зборуваше и за потенцијалното враќање на Хари во Велика Британија: „Како се чувствувате за таа обновена љубов каде што довербата е толку уништена? За да имате вистинска љубов, со семејството, пријателите или во врските, треба да имате доверба“.

Принцот Хари за време на неговата последна посета на Британија, на погребот на неговиот вујко Роберт Фелоус, престојуваше во домот од детството на неговата мајка, принцезата Дијана.

„Повеќето луѓе беа изненадени што Хари воопшто дојде. Тој беше во неверојатно добра форма и изгледаше како да е многу среќен што ги гледа сите. Со задоволство дојде“, изјави извор за „Пејџ сикс“ (Page Six).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот