Сера: Научниот комитет на НАТО може да помогне на среден и долг рок, нам ни требаат брзи мерки

Овој научен комитет може да биде соодветниот орган НАТО да преземе истражување на ова поле, вели шпанскиот амбасадор во земјава.

Потребни ни се краткорочни мерки кои се насочени кон брзо дејствување и спасување човечки животи. Научниот комитет на НАТО може да помогне на среден и долг рок, одговори шпанскиот амбасадор во земјава, Емилио Лоренцо Сера откако претходно беше прашан дали членството во НАТО придонесува за поефикасна борба против коронавирусот.

-Јас сум амбасадор на Шпанија во Скопје, во Северна Македонија, не сум амбасадор во НАТО, тоа значи дека што и да кажам јас ќе биде само лично мислење и предвидување, со таа резерва ќе одговорам дека пред неколку години јас работев во секторот за научна и техничка соработка и оттаму знам дека НАТО има научен комитет и комитет за справување со предизвиците на современите општества. Сум учествувал на неколку состаноци на овие тела во Брисел, во НАТО, во тоа време почнуваа да го проучуваат проблемот на климатските промени. Уште пред триесет години беше првото истражување за климатски промени. Оттука сметам дека овој научен комитет може да биде соодветниот орган НАТО да преземе истражување на ова поле, рече Лоренцо Сера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот