Сензација во Монте Карло: Ѓоковиќ елиминиран во третото коло на мастерс турнирот

фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на мастерс турнирот во Монте Карло. Српскиот ас денеска со резултат 2:1 во сетови загуби од Италијанецот Лоренцо Музети после скоро три часа игра.

Ѓоковиќ го освои првиот сет со 6:4, потоа возврати Музети со израмнување откако го дови вториот сет со 7:5.

Италијанскиот тенисер успеа да го комплетира целосниот пресврт по освојувањето на третиот решавачки сет со 6:4.

Во четвртфиналето Музети ќе се сретне со својот сонародник Јаник Синер кој со 2:1 (3:6, 7:6, 6:1) го совлада Полјакот Хуберт Хуркач.

АТП Монте Карло, резултати

Штруф – Руд 6:1, 7:6
Рубљов – Хачанов 7:6, 6:2
Јари – Циципас 3:6, 4:6
Фриц – Лехечка 4:6, 6:4, 6:1
Беретини (пред.) – Руне

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот