Бојан Миовски („Жирона“)/фото: EPA-EFE/David Borrat

Селтик со интерес за трансфер на македонскиот репрезентативец Миовски

Шкотскиот фудбалски клуб Селтик предводен од тренерот Брендан Роџерс планира ова лето да го засили тимот со нов напаѓач.

Кјого Фурухаши го напушти Селтик и се пресели во Рен, па во нападот главна улога доби Јапонецот Даизен Маеда кој беше прв стрелец сезонава во шкотското првенство со 16 голови и придонесе во новата титула на Селтик.

Роџерс како опции ги има и Адам Ајда и Џони Кени, но навивачите сметаат дека е потребен квалитетен напаѓач кој ќе ја води екипата во следната сезона.

На „радарот“ на Селтик е македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој моментно настапува за Жирона, но сезонава не добиваше редовна минутажа, во Ла Лига запиша 17 настапи и два голови во победата над Еспањол (4:1), или секвупно 22 настапи за Жирона и четири погодоци во сите натпреварувања.

Миовски пред да се пресели во Шпанија, статистички имаше две одлични сезони во Шкотска за Абердин постигнувајќи вкупно 32 голови во тамошниот шампионат.

На клупски плам беше дел и од унгарскиот МТК, Ренова, Македонија ЃП, Работнички, Брегалница Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот