Селими: „Корисни идиоти“ во земјата шират дезинформации под силно влијание однадвор

Сефер Селими/фото Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ

Кампањата уште официјално не е почната, но Македонија со децении живее во политичка кампања, вели аналитичарот Сефер Селими од „Демокраси лаб“ за утринската програма на „Слободен печат“. Причина за тоа, смета Селими, е динамичната политичка сцена, но и поради сите случувања кои беа дел од последните тектонски поместувања во однос на меѓународната политика и траумата низ која поминувавме со пренос на власта во 2017 година.

-Опозициската партија ВМРО ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски од првиот ден од како стана лидер за цело време е во кампања. Ако се сеќавате речиси секој месец имаше барање за предвремени избори седум години по ред, потсетува Селими.

Еве сега полека влегуваме во вистинска предизборна кампања, но дополнително на тоа Македонија како важна геополитика точка на Балканот која има потенцијал да биде извор на стабилност има потенцијал да биде и дестабилизатор во регионот затоа што е постојано под дезинформавциска кампања.

Таквите дезинформации доаѓаат главно од надвор, од трети сили кои не се заинтересирани за стабилност на земјата и им треба дополнителен фронт за дефокус.

Според Сефер Селими внатре во државата имаме т.н. „Јусфул идиотс“ или во превод „корисни идиоти“, термин што се користи за поединци кои потпаѓаат на таа пропаганда и подоцна „јаваат“ на тие аргументи кои се всушност дезинформации и ги шират како да се нивни.

Во однос на трката за претседател меѓу Таравари и Османи, Селими смета дека се достоинствени кандидати за да бидат претседател на оваа држава. Реалноста е дека тешко можат да помината во вториот изборен круг, но и двајцата се асови фрлени во трката помеѓу двата политики блока.

„Додека Таравари има голема поддршка и надвор од своите партиски линии, Османи има фантастично искуство како МНР, до ниво до кое на некој начин си ја одигрува улогата на претседател на државата во претставување на надворешни форуми, во пречекување надворешни гости од висок државен ранг со што има предност пред таравари. Предноста на Таравари е што е поактивен на терен и знае многу поитро да се однесува со гласачите“ вели Сефер Селими за „Слободен печат“.

Целото интервју погледнете го во продолжение: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот