Села и Мицкоски остварија средба во Собранието, потврдена е заемната поддршка во вториот круг

Христијан Мицкоски и Зијадин Села
Христијан Мицкоски и Зијадин Села / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI/МИА

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во просториите на Собранието на Република Северна Македонија, се сретна со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кого разговараше за текот на изборниот процес и понатамошните чекори.

– На средбата беше потврдена заемната поддршка во вториот круг, за општините за кои имавме договор за првиот круг. И покрај манипулациите, притисоците, купувањето на гласови и злоупотребите, граѓаните докажаа дека се против Владата, и сегашната власт веќе нема легитимитет да ја води земјата ниту на локално ниту на централно ниво, соопштија од Алијанса за Албанците.

Оттаму посочуваат дека и коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Алтернативата е стабилна и работат заедно за да создадат ново парламентарно мнозинство во многу краток период.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот