Сега е научно докажано: Тестенините нè прават среќни, уште првиот залак буди позитивни емоции

Фото: Pexels

Никој не може да го игнорира влијанието што храната го има врз нашето расположение. Фразата „кога си гладен, не си свој“ ни е добро позната и, веројатно, сите сме го доживеале тоа чувство во одреден момент. Кога сакаме да го подобриме нашето расположение, неретко посегнуваме по чоколадо или си го приготвуваме нашето омилено јадење.

Дури и научните истражувања потврдуваат дека постои поврзаност помеѓу одредени намирници и подобрување на емоционалната состојба, а тестенините се издвојуваат како храна која може да го зголеми чувството на среќа, пишува „Путни кофер“.

Истражувањето, спроведено од „Бихејвиорал енд брејн лаб“ на италијанскиот Универзитет за јазици и комуникација, откри интригантни сознанија за емоционалните и неврофизиолошките реакции на луѓето додека консумираат тестенини. За да ги испитаат емоционалните реакции, истражувачите примениле методи слични на оние што се користат во детекторите за лаги. Ја следеле мозочната активност на 40 испитаници на возраст од 25 до 55 години, а резултатите биле навистина изненадувачки. Имено, истражувањето открило дека консумирањето тестенини силно ја стимулира емоционално-когнитивната состојба. Тоа може да се спореди со чувството што го доживуваме додека ја слушаме омилената песна или ги следиме натпреварите на нашиот омилен спортски клуб.

Фото: Pexels

Проф. Винченцо Русо, раководител на одделот „Бихејвиорал енд брејн лаб“, при претставувањето на резултатите од истражувањето, ја истакна нераскинливата врска помеѓу тестенините и човечката среќа.

„Првиот залак поттикнува позитивни емоции и враќа убави спомени“, вели професорот.

Со анализа на навиките за потрошувачка, истражувачите открија дека поединците ги поврзуваат тестенините со поминување време со семејството и пријателите.

Фото: Pexels

Во спроведената студија, 40 отсто од учесниците изразиле мислење дека тестенините се храна која им создава задоволство, додека дури 76 отсто потврдиле дека нивното консумирање позитивно влијае на нивото на среќа.

Но, и други научни истражувања ја поддржуваат оваа теорија. Имено, претходно беше докажано дека сложените јаглехидрати го стимулираат лачењето на ендорфините, кои ја поддржуваат апсорпцијата на триптофанот и витамините Б, присутни во тестенините. Триптофанот игра клучна улога во регулирањето на расположението, додека витамините Б ги релаксираат мускулите и го стимулираат производството на серотонин.

Италија произведува неверојатни 1.700.000 до 3.300.000 тони, а со таа бројка води во светот кога станува збор за производство на тестенини. Без сомнение, најпознатата форма на тестенини се шпагетите. Од храна за сиромашните до врвен гастрономски деликатес, шпагетите се омилени тестенини во секое семејство.

Истражувачите охрабруваат: Тестенините не дебелеат, вратете ги на вашето мени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот