Седумгодишно девојче тешко повредено во иранскиот напад врз Израел

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Седумгодишно девојче е во критична состојба откако претрпело тешки повреди на главата во иранскиот напад врз Израел во текот на ноќта, соопштија денеска израелските власти.

Девојчето е оперирано поради тешка рана на главата и се наоѓа на одделението за детска интензивна нега.

„Состојбата на седумгодишното девојче кое синоќа беше евакуирано од местото на нападот е влошена и останува критична и нестабилна“, изјави Јасмин Амос, портпаролка на медицинскиот центар Сорока во јужниот град Бершеба, каде што девојчето се лекува.

Таа има тешки повреди на главата и нејзиниот живот е во опасност“, додаде таа.

Девојчето било повредено кога остатоци од пресретната балистичка ракета паднале директно врз домот на нејзиното семејство.

„Падна врз нашата куќа околу 2 часот по полноќ. Таа спиеше во куќата и веднаш ја однесовме во болница“, изјавил таткото на девојчето, Мохамед, според Тајмс оф Израел.

Од ЕМС пријавиле дека го пресретнале автомобилот на детето, го сместиле во амбулантно возило и почнале да го лекуваат на пат кон болница.

Покрај девојчето, во болница се донесени уште осум лица со полесни повреди.

Портпаролот на израелските одбранбени сили, потполковник Питер Лернер, претходно за британскиот „Скај њуз“ потврди дека девојчето, кое се уште не е идентификувано, е во „опасна по живот“.

Огромното мнозинство од 300-те ракети и вооружени дронови беа пресретнати од израелските сили и нивните сојузници, вклучително и американските, британските и француските сили. Сепак, остатоците од беспилотните летала сепак паднаа во некои области и повредија неколку луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот