Седници на четири собраниски комисии

Собраниска комисија/Фото: МИА

Во републичкото Собрание за денеска се закажани седници на комисиите за надворешна политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за земјоделство, шумарство и водостопанство, и за транспорт, врски и екологија.

На дневен ред на Комисијата за надворешна политика  се предлог законите за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за заемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС) и на Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и на добиточна храна и фитосанитарна област во Западен Балкан.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, пак, ќе расправаат за
Предлог на одлука за давање согласност на општиoт акт на Народниот правобранител, Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2021 година, како и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2021 година

Пред членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство се Предлог законот за изменување на Законот за шумите и предлог законите за изменување и дополнување на Законите за Државниот инспекторат за земјоделство и на Законот за шумарска и ловна инспекција.

Комисијата за транспрт, врски и екологија треба да одлучува по Предлог-законот за дополнување на Законот за животната средина, поднесен од: Ненад Коциќ и Виолета, Маја, Предлог законот за изменување на Законот за домување, по скратена постапка, Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2022 година и за Годишниот извештај за работа на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот