Седницата на бугарската преодна Влада почна со протест за запирање на преговорите со „Газпром”

Фото EPA-EFE/VASSIL DONEV

Со протест за запирање на преговорите со „Газпром” за обнова на набавките на руски гас во Бугарија денеска почна седницата на преодната влада на премиерот Галаб Донев.

Граѓанското здружение БОЕЦ ги повика граѓаните вечерва пред фонтаната на претседателската администрација во знак на протест да побараат јасни одговори за рускиот гас.

Демонстрантите побараа владата во Софија итно да го разреши министерот за енергетика, како и да донесе одлука за прекин на какви било преговори со руската компанија „Газпром”.

Воедно, пред почетокот на владината седница, преодниот премиер Гулаб Донев изјави дека нивна примарна задача е да ги решаваат проблемите на бугарските граѓани, а не на оние кои ги создале.

-Според Уставот наша должност е да организираме фер и слободни избори и тоа е тоа што ние го правиме, изјави Донев.

Според него, имало фактори поради кои преодната влада на Бугарија била перципирана како противник во изборната кампања во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот