Седница на Советот за координација на безбедносните служби – Во фокус дезинформации, лажни вести и можни сајбер напади на изборите

Избори / Фото: МИА

Советот за координација на безбедносните служби денеска ја одржа првата седница на која се расправало за предвидувања во однос на потребата на предизборниот и изборниот процес. Како што соопшти премиерот Талат Џафери, на седницата се расправало во контекст на дезинформациите, лажните вести и можни сајбер постапки по институциите на системот.

– Беа дадени соодветни информации, предвидувања од соодветните институции и заедно со заклучоците дадени се обврски до институциите како да постапат понатаму. Во тој контекст мислам дека сме на ниво на она што ни е обврска и одговорност за спроведување и постапување по сите информации. Нека се тие и дезинформации, ние сме должни да оцениме, процениме и во крајна инстанца и да постапиме, изјави Џафери при работната посета на Боговиње.

Во однос на обвинувања од опозиција дека ДУИ нема да ги признае изборите или дека подготвува сценарио за нерегуларни избори, одговори дека тоа се партиски изјави, а Владата нема потреба да се произнесува за она што е слободата на говор.

– Доколку има елементи соодветни за постапување по допрен глас, институциите коишто се надлежни треба да постапуваат. Владата не може да се меша ниту во постапувањето на обвинителството, ниту во постапување на судскиот систем, тоа се надлежности издвоени со Устав и со закон, рече техничкиот премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот