Се урна зграда во Русија, најмалку една жртва

Фото: ЕПА

Петкатна зграда делумно се урна во центарот на градот Астрахан во јужна Русија, јавија локалните медиуми.

Службите за итна помош пристигнале на местото на несреќата. Според првичните информации, една жена починала, а неколку лица се водат како исчезнати.

Над 200 жители се евакуирани и им е формирано привремено сместување. Наводно, се урнале дел од скалите во зградата. Пред уривањето, во Министерството за вонредни состојби била пријавена пукнатина на ѕидот.

Гувернерот на областа Игор Бабушкин потврди дека жената која загинала во несреќата е родена во 1939 година и дека во тек е потрага по повеќе луѓе.

Тој најави формирање на антикризен центар и телефонска линија. Евакуирани се вкупно 213 лица, од кои 37 се деца. Информациите за повредени се ажурираат, соопшти Министерството. Отворени се три привремени пунктови за сместување во подрачните училишта, каде што жителите добија топол оброк и вода

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот