Се преполови вредноста на акциите на светските авиокомпании

Авиокомпаниите се принудени да преземат драстични мерки за намалување на трошоците.

Пандемијата на вирусот Ковид-19 избриша 41 процент, или 157 милијарди долари, од вредноста на акциите на 116 светски авиокомпании што котираат на глобалните берзи. Многу од нив ги трошат своите пари толку брзо, така што сега можат да ги покријат своите трошоци за помалку од два месеца, се вели во анализа.

Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (ИАТА) соопшти дека на тој сектор може да му бидат потребни 200 милијарди американски долари за поддршка од владите ширум светот.

Авиокомпаниите се принудени да преземат драстични мерки за намалување на трошоците.

На пример, „Емирати” и „Ел Ал Израел ерлајнс” посочија дека вработените земаат неплатено отсуство, додека „Виетнам ерлајнс” и „Виетнам ер” најавија дека ќе ги прекинат летовите до главните дестинации во Југоисточна Азија и Европа.

Американските авиокомпании исто така брзо ќе ја намалат својата работна сила преку неплатено отсуство до 12 месеци, со здравствено осигурување или преку програми за предвремено пензионирање, што е индикација дека авиокомпаниите не очекуваат брзо закрепнување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот