Се полни гласачкото ливче – седуммина кандидати во трката за „Вила Водно“

Кандидати за претседател Фото: Слободен печат

Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова викендов ја добија поддршката од матичните партии и ги собраа неопходните 10 илјади потписи со што им се придружија на Бујар Османи(ДУИ), Арбен Таравари (ВРЕДИ), Максим Димитриевски (ЗНАМ), Биљана Ванковска (Левица) и Стевчо Јакимовски (ГРОМ) во трката за „Вила Водно“.

Останатите кандидати во трката за претседател се далеку од 10.000 потпишани, што е неопходно за учество на претседателските избори.

Според последниот пресек на Државната изборна комисија (ДИК) до вчера во 20 часот, Мерсиха Смаиловиќ – поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз, има 1.411 потписи, Вело Марковски како независен кандидат има 1.402 , за Господин Попоски од Вевчани се потпишале 109 граѓани, за Зорица Цветковска од Десна – 195, независниот кандидат Ѓoрѓи Манасков – 414 граѓани, додека кај Томе Николоски кој се откажа од трката стои бројката на нула потписи. И Ѓорѓи Манасков вчера укажа на нерегуларности и побара да се стопира целата постапка за собирање потписи.

Рокот за собирање на потписи истекува на 8 март, на полноќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот