Се подготвува ново правило во фудбалот: Голманите повеќе нема да може да задржуваат време?

Фото: EPA-EFE/Siu Wu

Во последно време се почесто се зборува за промена на фудбалските правила. Одговорното тело на ФИФА за правилата во фудбалот (ИФАБ) на маса има разни предлози, а изгледа најблиску до реализација е она кое се однесува на задржувањето на топката од страна на голманот по одбранет удар.

Според актуелното правило голманот смее најдолго шест секунди да ја задржи топката во раце, меѓутоа сведоци сме дека во пракса тоа ретко се почитува, па голманите знаат да „украдат“ и некоја секунда повеќе.

Ако правилото се промени, голманите повеќе не би можеле да задржуваат дополнително време затоа што поседот на топка на нивната екипа ќе им биде одземен.

Имено, голманите ќе имаат осум секунди да се ослободат од топката откако ќе ја фатат. Веќе по три секунди, судијата ќе крене рака, што значи дека преостанатите пет секунди ќе почнат да се одбројуваат.

Доколку голманот се уште ја држи топката, ќе биде досуден корнер за противничката екипа, или прекин за центаршут од линијата на шеснаесетникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот