
Конечно се огласи наводната љубовница на принцот Вилијам: Убавата Роуз Ханбери порача едно
Откако Палатата објави дека Кејт Мидлтон нема да се појавува на јавни настани до Велигден, јавноста се загрижи, почна да шпекулира зошто на принцезата од Велс ѝ треба толку време да се опорави, а една од шпекулациите беше дека таа претрпела нервен слом поради наводна афера на нејзиниот сопруг со Роуз Ханбери, која сега одлучила да проговори за нејзиниот однос со принцот Вилијам.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам деновиве се тема за која најмногу се зборува, а добрата репутација е нарушена со само неколку погрешни чекори. На површина испливаа и сите негативни работи што Хари ги напиша за Вилијам и се покажа повеќе од кога било колку грди зборови можат да се врежат во колективната меморија, како и наводната афера на принцот Вилијам со Роуз Ханбери.

Социјалните мрежи се преплавени со теории за врската помеѓу принцот Вилијам и убавата Роуз, а некои дури ја нарекоа и „Камила на Вилијам“, посочувајќи дека Вилијам ѝ го прави на Кејт она што неговиот татко ѝ го направи на принцезата Дијана. И Вилијам и Кејт наводно се згрозени од овие споредби, а сега се огласи и Роуз.
Роуз Ханбери ја носи титулата маркиза од Чолмондели, а целата ситуација и нејзе ѝ донесе негативна репутација, иако со години се шпекулира дека нејзиниот однос со Вилијам е повеќе од пријателски.
За странските медиуми, Роуз Ханбери ги демантираше гласините, велејќи дека се целосно лажни, а во врска со тоа ги ангажирала и своите адвокати за да биде сигурна дека ќе добие правна заштита.
Иако не е познато дали гласините му наштетиле на односот помеѓу Роуз и нејзиниот 23 години постар сопруг Дејвид Чолмондели, седмиот маркиз од Чолмондели, нивниот син е близок другар со најстариот син на Кејт и Вилијам, а пред речиси една година со принцот Џорџ беше во почесната поворка на крунисувањето на кралот Чарлс и кралицата Камила.
Кејт и Роуз се долгогодишни пријателки, но наводно се скарале кога во јавноста протече веста за наводната врска на Роуз и Вилијам.
ФОТО | Која е Сара Роуз Ханбери, жената со која принцот Вилијам ја изневерил Кејт Мидлтон?