Се менувавме за наизменично да го „тепаме“ Меси

twitter/barcacentre

Поранешниот бразилски фудбалер и член на Јувентус, Интер, Фиорентина и Галатасарај, Фелипе Мело, откри дека во репрезентацијата имале „неверојатен“ план кога требало да играат против Аргентина и Лионел Меси.

Тие наизменично се ротирале во круг за секој барем по еднаш да го удри Меси.

– Лео е единствен и неверојатен фудбалер. Кога игравме против него и Аргентина, заклучивме дека сите мораме барем по еднаш да го удриме доколку сакаме да го запреме. Договорот беше наизменично да се ротираме, секој да го удри барем по еднаш, но не за да го повредиме туку да го извадиме од ритам. Не постои начин да запрете таков фудбалер, ние моравме да правиме прекршоци и да го „тепаме“ за го извадиме од ритам – открива Фелипе Мело.

Фелипе Мело беше член на бразилската репрезентација помеѓу 2009 и 2010 година и учествуваше на Светското првенство во Јужна Африка кога „кариоките“ испаднаа во четвртфиналето од Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот