Се фалеше дека игра за Реал Мадрид, а сега преживува работејќи на отпад

инстаграм

Направи обиколка на тренинг кампот на „кралскиот клуб“, објави фотографии од тренизите, се фалеше дека е нов играч на Реал Мадрид, но неколку дена подоцна мораше да ја напушти Шпанија.

Луис Енрике дос Сантош (22) е еден од многубројните Бразилци кои во Европа доживеаја големо разочарување.

Енрике дос Сантош е роден во Алагоаса, една од 27 бразилски сојузни држави, кој како дете имаше само еден сон, да стане професионален фудбалер.

Првиот клуб во кој започна да тренира е Оле Бразил каде остана 3-4 години по што премина во славниот Крузеиро каде играше за младинскиот тим, но и тоа беше доволно за да биде приметен од скаутите на европските екипи.

Првиот повик му дојде од Шпанија, замина на проба во Бетис, а потоа стигна и повикот кој не се одбива – од Реал Мадрид. Луис Енрике дос Сантос остави одличен впечаток на пробата во Мадрид, но поради бирократски проблеми не остана во Шпанија.

– Веќе купивме авионски билети за Бразил кога пристигна повикот од Реал Мадрид. Требаше да останам еден месец, да одиграм неколку натпревари… – зборува Луис.

Тој направи обиколка на тренинг кампот на Реал Мадрид, објави фотографии од тренизите, се фалеше дека е нов играч на Реал Мадрид, но неколку дена подоцна мораше да ја напушти Шпанија.

За работата да биде полоша за младиот Бразилец, по враќањето во татковината не доби вистинска шанса од тамошните екипи и сега на 22 години работи на отпад.

– Во фудбалот има многу измамници, секогаш има некој што ќе се обиде некого да измами. За мене пресудно да не бидам избран беше висината, а не квалитетот – вели Луис Енрике дос Сантош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот