Се чисти атмосферската канализација за да се пречи поплавување на улиците поради најавените врнежи од дожд

Фото: ЈП „Водовод и канализација“

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“, од секторот Канализација, врз основа на временска прогноза за наредните денови, за кога се предвидуваат врнежи од дожд, спроведоа акција за расчистување на сливниците и шахтите со цел непречена функционалност на атмосферската канализација во сите општини на град Скопје, информираат од ова јавно претпријатие.

– Екипите ќе ги продолжат активностите за расчистување на сливниците и шахтите, следејќи ја состојбата со временските услови, со цел непречено функционирање на атмосферската канализација на територија на град Скопје – велат од ЈП „Водовод и канализација“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот