Се бара исчезнатиот Ѓорѓи Дервишовски-Гоче од Тетово

Семејството го пријави за исчезнат Ѓорѓи Дервишовски-Гоче, 62 годишник од Тетово и бара помош од граѓаните доколку го видат да се јават во полиција или кај неговиот брат.

-Ѓорѓи последен пат го видовме вчера, 11 август, околу 19 часот, кога заедно со сопругата бевме кај него во станот за да му однесеме вечера.  Тој има нарушено здравје и можно е да изгубил ориентација затоа што се се случи кога немаше струја во Тетово, вели братот Ристо.

Доколку граѓаните го забележат Ѓорѓи може да се јават кај братот Ристо на 071-686-603 или на 192. Исчезнувањето е пријавено и во СВР Тетово, откако се поминати 24 часа откако последен пат е виден 62- годишникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот