Се апсат бизнисмени, инспектори и функционери на ДУИ

Апсење /Фото: Профимедиа

На повеќе локации низ Скопје утрово полицијата изврши претрес, при што приведени се повеќе лица – бизнисмени, инспектори, меѓу кои и функционери на ДУИ.

Со оглед на професиите на лицата кои се апсат, очигледно станува збор за криминални дејствија поврзани со даночни проневери и перење пари – велат од МВР.

Од МВР за „Слободен печат“ потврдија дека во тек се претреси во координација со ОЈО ГОКК, а за детали околу кривичните дела на оваа организирана криминална група и приведените лица ќе информираат во текот на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот