Саудискиот престолонаследник ќе инвестира 500 милиони долари во „Кредит Суис“

Фото: Профимедиа

Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, се подготвува да инвестира во инвестициската банка Кредит Суис Груп АГ, објави Вол Стрит Журнал.

Принцот Мохамед би можел да инвестира околу 500 милиони долари во бостонската филијала на „Кредит Суис, додава ВСЖ, повикувајќи се на упатени извори. Меѓу групата инвеститори кои би можеле да инвестираат во проблематичната швајцарска групација е и поранешниот извршен директор на Берклис Плс, Боб Дајмонд.

Претседателот на Кредит Суис, Аксел Леман, минатата недела изјави дека банката добила уште неколку обврски од инвеститорите за планираната прва инвестициска банка во Бостон. Принцот Мохамед ги охрабрува најголемите фирми во Саудиска Арабија да се прошират на глобално ниво, да го подигнат профилот на земјата како сериозен инвеститор и да ја диверзифицираат нејзината економија.

Кралството веќе го поддржува Кредит Суис, а саудиската национална банка презема 9,9 отсто од швајцарскиот заемодавател, кој претходно се соочуваше со големи проблеми, објави порталот Каматица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот