Саркози е прогласен за виновен за незаконско финансирање на изборната кампања во 2012 година

Никола Саркози / Фото: EPA-EFE/J.J. Guillen
Поранешниот француски претседател Никола Саркози е прогласен за виновен за нелегално финансирање на кампањата за претседателските избори во 2012 година, која ја загуби, пренесува агенцијата АП.

Тој се соочува со потенцијална затворска казна. На судењето во Париз, обвинителството побара шест месеци затвор за Саркози.

Никола Саркози / EPA-EFE/YOAN VALAT

На судењето, Саркози ги отфрли тие обвинувања, тврдејќи дека трошоците не се негова одговорност, додека обвинителите тврдат дека партијата на Саркози потрошила речиси двојно повеќе од 22,5 милиони евра дозволени со закон.

Саркози беше осуден на три години затвор пред седум месеци за корупција и трговија со влијанија. Судот потоа одлучи дека тој ќе оди во затвор една година, со дополнителна двегодишна условна казна.

Судијата тогаш рече дека Саркози „го искористил статусот на поранешниот француски претседател“ во „особено сериозен“ чин на стореното дело.

Саркози, кој беше претседател од 2007 до 2012 година, цврсто ги негираше сите обвинувања за време на десетдневното судење кон крајот на минатата година.

Поранешниот претседател, 66-годишниот Саркози , беше осуден по обвинувањата дека незаконски се обидел да добие информација од висок судија во 2014 година за правната процедура во која бил вклучен.

Обвинителството побара четири години затвор, од кои две условни, за Саркози и двајца други обвинети во истиот случај – поранешниот судија Жилберт Азибер и поранешниот адвокат на Саркози, Тиери Ерзог.

Никола Саркози / Фото: EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Пред Саркози, чие судење се смета за преседан во Франција, друг поранешен претседател се соочи со судење по напуштањето на функцијата. Тоа е Жак Ширак кому му се суди за проневера, но не за време на претседателскиот мандат, туку додека беше градоначалник на Париз.

„Немаше договор ниту пак планирав такво нешто… Сакам да се ослободам од таа дамка“, рече Саркози за време на судењето и истакна дека „се уште има доверба“ во правдата на неговата земја.

Саркози се повлече од активната политика кога неговата конзервативна партија не го избра за претседателски кандидат за изборите во 2017 година, на кои победи Емануел Макрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот