Сара Мејс ѕвезда на магичниот новогодишен концерт со Македонската филхармонија

Instagram

Нашата пејачка и харфистка позната по своите несекојдневни музички вештини, Сара Мејс, постојано создава музика за уживање, како за себе, така и за своите обожаватели. Каде и да се појави, запее или засвири, таа едноставно ги маѓепсува сите присутни со својот извонреден талент.

За жал, оваа година немавме многу прилики да ја слушнеме нејзината музика во живо.

Македонската филхармонија на 24 декември го одржа традиционалниот новогодишен концерт со наслов  „НОВА ГОДИНА – НОВ ПОЧЕТОК“. За жал, поради познатата ситуација со коронавирусот и мерките за безбедност оваа година, бројот на посетителите беше многу ограничен.

Instagram
Instagram

Диригент на концертот беше Џијан Емит. Свои солистички настапи имаа Дејан Бобиќ, Џон Илија Апелгрен, Полина Тасева, Калина Велковска како и Сара Мејс.

Instagram
Instagram

Покрај беспрекорната изведба, Сара Мејс изгледаше прекрасно во елегантен црвен фустан во комбинација со бела крзнена наметка и бели високи потпетици давајќи ѝ совршен празничен изглед.

Instagram
Instagram

За сите оние кои не присуствуваа на концертот, може да виртуелно да почувствувате дел од магичната атмосфера и да уживате во изведбите:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот