
Samsung Galaxy Z Fold7 & Watch8 Classic – За секој успешен чекор
Ако некогаш сте барале технологија што не само што ја следи динамиката на модерниот бизнис, туку ја надополнува вашата професионална рутина, комбинацијата на Samsung Galaxy Z Fold7 и Galaxy Watch8 Classic е вистинскиот избор. Овие уреди не се само „следна генерација“ хардвер, туку ги редефинираат можностите за продуктивност, заштита и секојдневна ефикасност, за оние кои знаат дека времето и податоците се највредниот капитал.
Препорачано
Интелигентен старт на денот: Galaxy Z Fold7
Galaxy Z Fold7 не е обичен телефон. Со динамичен 8-инчен дисплеј и интелигентен Galaxy AI, претставува мобилна канцеларија која може да обработува голем број задачи паралелно. Благодарение на напредните мултитаскинг опции, прегледот на финансиски табели, читањето мејлови и работењето на презентации се едноставни, ефикасно распоредени на голем екран со само неколку гестови. Galaxy AI ви заштедува време, брзо пребарување низ документи и security-first обработка на чувствителни информации.
Samsung Watch8 Classic: Баланс помеѓу традиција и иновација
За професионалците кои не сакаат да прават компромис со стилот, Galaxy Watch8 Classic ја враќа препознатливата ротирачка коронка и класичен дизајн, комбиниран со најмоќна смарт функционалност досега. На вашата рака се контролите за известувања, повици, дигитален календар и Samsung Pay, како и AI коуч кој се грижи за вашиот баланс помеѓу здравјето и работата.
Покрај тоа, напредните здравствени анализи со биоактивни сензори, мерачи за агликација во текот на ноќта, ви нудат лична статистика.
Совршено поврзување во секојдневното живеење
Најголемата сила е токму во синергијата помеѓу поврзаните уреди во вашиот дом. Тоа не се однесува само естетски и функционално идеалната спојка на Galaxy Z Fold7 и Watch8 Classic. Со SmartThings менаџирањето, можете од екранот на вашиот Galaxy телефон да управувате со телевизорот, да ги следите програмите за перење на вашата машина за алишта, да го подреете ручекот, и сето тоа од далечина, како и многу други активности.
Дополнително, One UI 7, со гарантирани 7 години софтверски update-и, обезбедува безбедност и постојана оптимизација кај новите Galaxy уреди, клучно за оние што очекуваат долгорочно функционирање без грижи.
Безбедност и доверливост до срж
Samsung Knox гарантира апсолутна заштита, сигурност при работа со најчувствителни деловни податоци, од биометриски отпечатоци, до професионални финансиски документи.
Лидерството започнува со интелигентен избор
Во светот на финансиите и управувањето со бизнисот, мудриот избор е секогаш во деталите. Со Galaxy Z Fold7 и Watch8 Classic, добивате не само моќен дигитален тандем туку и партнер што ќе ви помогне да бидете чекор пред сите. Дури, за конечно да изберете, можете да ги пробате функционалностите и да го доживеете Galaxy AI искуството благодарение на апликацијата Try Galaxy која треба само да симнете на моменталниот телефон кој го користите.
Надградете се себеси со најмодерната технологија и уживајте во секој успех, додека сигурноста, продуктивноста и елеганцијата остануваат на прво место.