Прослава на 8 Септември на плоштадот во Тетово / Фото: СДК.мк

Само ученици-Македонци го одбележаа 8 Септември на плоштадот во Тетово

Втора година по ред, тетовските ученици кои ја следат наставата на македонски јазик во петокот го одбележаа Денот на независноста на Македонија со приредба на Градскиот плоштад, јави „СДК.мк“.

Оваа година, одбележувањето беше под мотото „Те сакаме Македонијо“, а организатори на приредбата беа одделенските наставници од тетовските училишта.

„Децата со радост се дојдени на Градскиот плоштад за да го прославиме роденденот на нашата татковина. Посакувам уште многу, многу години да прославуваме тука на плоштадот и тоа да прерасне во традиција“, изјави наставничката Соња Трифуновска, одделенска раководителка.

Учениците од сите тетовски училишта каде наставата се изведува на македонски јазик имаа точка посветена на татковината со која се претставија пред публиката, а со свои изведби и кореографии настапија и детските хорови „Крешендо“ и „Лале“, како и КУД „Шара“ и КУД „Бранко Чајка“ од Тетово.

На овие одбележувања на Денот на независноста и лани и годинава не учествуваа ученици и наставници од паралелките на албански јазик. Според дел од организаторите, тие не ги повикале бидејќи сметале дека наставниците од албанските паралелки не биле заинтересирани да ги вклучат нивните ученици, но размислуваат да ги поканат следната година или за слични настани кои би ги организирале во меѓувреме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот