Само што го отпуштиле од болница, починал осуденик во штипскиот затвор

Затвор во Штип/Фото: МИА

Почина осуденик во затворот во Штип, потврди директорот на казнената установа, Мики Тодоров.

Станува збор за повозрасен човек, кој вчера со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Штип, на Интерното одделение, каде останал неколку часа, по што утринава бил отпуштен.

Но, на осуденикот, само што бил вратен во затворот, му се слошило и починал. Известена била екипата на Итната медицинска помош, а лекарите ја констатирале смртта.

Тодоров изјави дека е известена и штипската полиција, а според сите документи со кои располагаат во однос на здравствената состојба на лицето, не е издадена наредба да се изврши обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот